Викендов автобусите од линиите 22, 22А и 64А, ќе сообраќаат по изменет режим во реонот на улица „Лука Геров”

јсп автобус
Автобус на ЈСП /фото: Архива на Слободен печат

Поради градежни зафати на дел од улица „Лука Геров” во населба Даме Груев, утре од 8 часот до понеделник до 6 часот возилата од линиите 22, 22А и 64А во тој реон ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

Возилата од јавниот превоз во насока од Транспортен центар и Клинички центар до после надвозникот на улица „Лука Геров”, како што посочуваат од Од ЈСП – Скопје, ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат десно по улица „Лепенец”, па лево по улица „Шар планина”, па пак лево по улица „Тиранска” и од таму ќе се вклучат десно на улица „Лука Геров” од каде што ќе продолжуваат по своите редовни траси до Лепенец и Никиштани.

Во насока од Никиштани и Лепенец до крстосницата на улица „Лука Геров” со улица „Тиранска” ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат лево по улица „Тиранска”, па десно по улица „Шар планина”, потоа десно по улица „Лепенец” и пред надвозникот ќе се вклучат лево на улица „Лука Геров” од каде што ќе продолжат по своите траси до Транспортен центар и Клинички центар, се вели во соопштението од ЈСП – Скопје.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот