Виетнамски работници на градилиште на кинеска фабрика во Србија плачат за помош

Илустрација, градежни работници во Кина / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Асошиејтед прес денеска објави репортажа за тешките услови за живот на виетнамските работници на градилиштето на кинеската компанија Линглонг кај Зрењанин во Србија во која се вели дека додека српските и кинеските претставници овој проект го сметаат за стратешко партнерство, активистите за човекови права предупредуваат дека работниците што градат може да се жртви на трговија со луѓе или дури и ропство.

-Сведоци сме на кршење на човековите права оти работниците од Виетнам работат во страшни услови, вели за АП Мишо Живанов, активист на невладината организација Зрењанинска акција. Тој додава дека кинеските работодавачи им ги зеле пасошите на работниците кои примиле само една плата иако работат од мај.

Работниците спијат на кревети на кат без душеци, во бараки без греење и топла вода, пишува АП и додава дека им се пожалиле дека не добиле никаква медицинска нега дури и кога развиле симптоми слични на ковид-19.

Еден од работниците за агенцијата АП се жали дека ништо од договорот за работа што го потпишал во Виетнам пред да дојде во Србија не е исполнето. Тој вели дека нема соодветна облека и дека околу сто други работници се во иста таква незавидна состојба, па по штрајкот што го организирале некои биле отпуштени.

АП пишува дека од кинеската компанија не добиле коментар, но дека Линглонг за српските медиуми демантира дека компанијата е одговорна за работниците, обвинувајќи ги за нивната состојба агенциите за вработување во Виетнам.

АП додава дека ова не е првпат во Србија да се кршат правата на странски работници потсетувајќи на случајот со кинеските рудари во рудникот за бакар во источна Србија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот