ВИДЕОИНТЕРВЈУ | „Скопје 2014“ инспирација за уметникот Богдановски преточена во книгата „Скитачот“

фото: Матеј Богдановски, уметник

Промените кои нагло му се случија на Скопје во 2014 година биле инспирација за најновото дело, романот „Скитачот“ на сликарот, писател, стрип мајстор, создавач на брилијантни приказни во различни форми и облици, Матеј Богдановски. Во „Скитачот“ Богдановски испреплетува ликови од другата страна на светот со скопјани, сите на куп уметнички души.

Дејствието во книгата се одвива во 2014 година во македонската метропола.

– Тие промени кои му се случуваа тогаш на Скопје мене ме афектираа, ме допреа. Јас и самиот бев голем противник на сето тоа и во самото време кога се случуваше. Оваа приказна дојде од повеќе страни, не знаев што ќе излезе на крајот и за мене беше интересна авантура. Приказната ја започнувам уште во претходната книга „Градски деца“, каде зборувам за ноќниот живот во Скопје некогаш, многу забава, многу музика, многу љубов … Се прашував дали е добро да ја продолжам со тоа што ќе го раскажам животот во новото Скопје, кое е многу поразлично – вели Богдановски за „Слободен печат“.

Оние кои имаат малку познавање за уметноста можеби и ќе препознаат дека повеќе сцени од книгата се рефлексија на делата на холандскиот ренесансен сликар Јеронимус Бош.

-Најголемиот дел од сцените во романот се инспирирани од слики на Бош, тоа е впрочем основата на која се темели книгата. На пример, магионичарот кој се појавува во книгата и прави трикови на плоштадот „Македонија“ тоа е една слика на Бош, потоа новинарот на Канео кој ги добива важните вести за големите промени кои претстојат, тоа е делото „Јован од Патмос“, нели Јован кој ја прима апокалипсата, е мојот лик Јован го прима откровението за градот и да не откривам премногу – додава авторот.

Со Богдановски направивме и една ретроспектива низ историјата на уметност за тоа како се однесувале уметниците и како се однесуваат денес во однос на нивното творештво, но и влијание на општествените промени.

Тој зборуваше и за поезијата од весници која ја создава.

-Тоа се случи многу случајно. Играјќи си со насловите од весниците, а Слободен печат ми беше еден од најдрагите морам да кажам. Едноставно, сечкајќи ги насловите и менувајќи го распоредот на зборовите добивав некој текст кој наликуваше на поезија. Тоа е колажна техника, со која си играле дадаистите, надреалистите во почетокот на 20 век – рече Богдановски.

Со него поразговаравме и за состојбата на македонскиот стрип. Богдановски проблемот кај стрипот, но и воопшто кај уметноста го гледа во тоа што има недостаток на читачка публика.

Погледнете го целото интервју во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот