ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Игњатова: Родителите да научат да се заштитат на интернет и да им го пренесат тоа на децата

Милена Игњатова / Фото: "Слободен Печат" / Методиј Здравев

Сајбер безбедноста станува важна за секој човек кој макар еднаш ќе се одлучи да влезе во виртуелниот свет. Интернетот стана неизбежен дел од нашето секојдневие, па затоа и треба да знаеме како да се заштитиме кога сме „таму“. Во секој простор има одредени правила како да се однесуваме, и во секој простор секако демнат одредени закани и предизвици, така и во интернет просторот постојат различни предизвици, закани, но и правила коишто би требало да ги почитуваме. И врз основа на тоа произлегува и самата безбедност во рамките на тој простор, вели за „Слободен печат“ Милена Игњатова, проект менаџер на „СмартАП“ лабораторија за социјални иновации.

– Со секојдневното напредување на технологијата, дефинитивно е тешко да се следи секојдневно какви се закани можат да настанат на тој интернет простор, но секако, дека постојат и начини како би можеле да ги намалиме или ублажиме сите тие напади коишто можат да нѝ се случат и да направиме еден вид на заштита да се чувствуваме безбедни. Но не можеме да кажеме никогаш дека сме стопроцентно заштитени, секојпат може нешто ново да се случи, но од друга страна, доколку ги знаеме тие некои општи правила, доколку ги почитуваме истите, секако дека можеме да се заштитиме и да бидеме сигурни дека навистина она што го користиме на тој интернет простор е безбеден за сите нас и нема да ги загрози нашите индивидуи, лични права – вели Игњатова.

Таа најавува „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“, но додава дека на овој курс можат да се вклучат и децата и родителите.

– Се работи за портал, „Едуалаб“, кој е наменет за професионален развој за едукаторите генерално. На самиот тој портал се наоѓа дигиталниот курс, тренинг за сајбер безбедност за едукатори, којшто е генерално наменат за едукаторите, односно како да им пристапиме на едукаторите за тие да ги добијат сите оние компетенции коишто им се потребни за право самите, како да се однесуваат на тој интернет простор и како да се заштитат, а понатаму и со помош на ресурсите и информациите што ги добиваат, тоа знаење да го пренесат на самите ученици. Меѓу другото, самиот курс е доволно добар и за родителите да бидат вклучени, бидејќи сепак оној комуникациски триаголник во кога се работи за образувањето е неизбежен и дека доколку не се оформи тој круг од сите оние чинители или учесници во образованието дека не би постигнале онаков успех како што би сакале – рече таа.

Погледнете го целиот разговор во продолжение:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот