ВИДЕОАНКЕТА: Со намалена цена на одредени артикли не се зголемува стандардот на граѓаните

Вчера Владата најави намалени цени за стотина продукти. Им препорача на граѓаните да ја следат црвено-жолтата ознака која ќе ги однесе до производите кои се со препорачана цена. „Слободен печат“ ги праша граѓаните колку се задоволни од новите цени и дали ова влијае на животниот стандард? Повеќето од нив информирани за новите цени и дел купиле од производите кои се намалени. За другите намалувањето е незначително и нема да го подобри животниот стандард.
– Знам за новите цени, во повеќето маркети цените се направени супер. Нормално е тоа да беше пред неколку месеци- вели случаен минувач кој го најдовме пред еден од маркетите.
За други пак намалувањето е минимално.
– Некои производи се со цени и сите се намалени. Но има и такви кои не се- вели еден скопјанец.
Други пак не се информирани.
-Не знаеме од однапред да кажеме…Па слушнав дека неколку артикли ќе се намалат. Не знам, ние се уште не знаеме кои артикли ќе се намалат од Владата- вели случаен минувач.
На нашето прашање колку е реално намалувањето на производите дел од граѓаните велат дека ништо не е реално.
– Платите си стојат во место, пензиите исто така. За кое намалување зборуваме!?-прашува револтиран пензионер од Скопје.
-Ништо нема да помогне, ништо. Ако е тоа од август, десет отсто на тие цени, нема ниту да се почувствува, и тогаш беа високи цените- велат граѓаните.
Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја овде: