ВИДЕО: Воздушни напади во камп во Рафа во појасот Газа, има многу жртви, Нетанјаху најави и копнена операција

Газа-болница/Фото: Твитер

Видеото го покажува уништувањето предизвикано од воздушните напади на ИДФ, кои го уништија домот на семејството Јаргун во кампот Ал-Шабура во Рафа, јужна Газа.

14 Палестинци беа убиени, а други беа повредени по воздушни напади на ИДФ

Инау израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во Комитетот за надворешни работи и одбрана на Кнесетот изјави дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе влезат во Рафа како дел од копнената операција и дека тоа му го кажал на американскиот претседател Џо Бајден во нивниот последен телефонски разговор.

-Имаме несогласување со Американците за потребата да влеземе во Рафа, рече Нетанјаху во Комитетот за надворешни работи и одбрана, објави „Тајмс оф Израел“.

„Не за потребата да се елиминира Хамас, туку за потребата да се влезе во Рафа. Не гледаме начин за воено елиминирање на Хамас без да ги уништиме овие преостанати баталјони. Ние сме решени да го сториме тоа“, рече Нетанјаху.

Тој посочи дека на американскиот претседател во нивниот вчерашен разговор јасно кажал дека Израел е решен да ја заврши елиминацијата на тие баталјони во Рафа.

Нетанјаху додаде дека двајцата лидери се договориле за нов механизам- Американците да ги споделуваат со нив своите идеи за хуманитарна помош и евакуација на цивилите, за што е загрижен и Израел.

Тој нагласи дека Израел мора да ја заврши воената елиминација на Хамас.

-Нема замена за тоа, не можете да го заобиколите, не можете да кажете „ќе уништиме 80 отсто од Хамас“, „ќе уништиме 20 отсто“, бидејќи тие 20 отсто ќе се реорганизираат и повторно ќе го заземат Појасот (Газа) и секако тие ќе претставуваат нова закана за Израел и секако тоа ќе биде и победа за пошироката оска што ни се заканува – иранската оска, рече Нетанјаху.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот