ВИДЕО: Во Куманово се пукаше и се кршеа автомобили, полицијата уапси само еден учесник во прославата на Денот на албанското знаме
На 28.11.2024 во периодот од 18.00 до 22.00 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме, соопшти полицијата, информирајќи дека биле оштетени шест автомобили.
-Притоа, полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. Исто така, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од закон за возачка дозвола, велат од МВР.
Полицијата не соопшти дали трага по учесниците во прославата кои пукаа со пиштоли на плоштадот во Куманово, а кои можат да се забележат на снимки објавени на социјалните мрежи.
Еве ова е куманово племе каде е држава… #kumanovo https://t.co/B1NtBl0fuE pic.twitter.com/OEabWhot1x
— certi (@frenkidejon) November 29, 2024
На друга снимка, се гледа како група деца малтретираат возач, покривајќи го неговиот автомобил со албански знамиња за време на прославата во Куманово:
Денес во Куманово🇦🇱 pic.twitter.com/iBendjSocw
— Роберто Навали (@roberto_navali) November 28, 2024