ВИДЕО: „Ви испраќаме многу љубов од Јапонија“, ученици од Токио со топли поздрави на македонски јазик

Фото: Скриншот

Ученици од Токио, Јапонија кои го изучуваат македонскиот јазик испратија честитки до нашата земја на македонски јазик, воедно заблагодарувајќи се за 30 годишната соработка и пријателство помеѓу нашата земја и Јапонија.

Видео обраќањето на учениците е споделено и на фејсбук страната на јапонската амбасада во земјава.

„Учениците во средното училиште Таканава во Токио го изучуваат македонскиот јазик изминативе две години, ја презентираат македонската кујна, природното наследство на земјата и обичаите на училишните фестивали. Иницијатор и инспирација за нивните активности е нивниот професор г. Томоки Аојама“, стои во фејсбук објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот