ВИДЕО | Украински тинејџери кои се приклучиле на војската: Никој не сака да умре, смртта не е опција за нас

Украински тинејџери во војска/ Фото BBC Screenshot

Новинар на Би-Би-Си кој известува од Украина се сретна со група млади луѓе кои доброволно се пријавија во центар во Киев да се борат за Украина. Повеќето од нив, пишува Би-Би-Си, се во доцните тинејџерски години, а во војна одат по само три дена основна обука.

Максим Луцик е 19-годишен студент по биологија. Тој беше загрижен да оди во војска по кратка обука. Тој му се придружи на својот 18-годишен пријател Дмитриј Кисиленко. Тие за кратко време научија неколку вештини и како да ракуваат со оружје.

“Се навикнав на пиштолот. Научив и како да пукам и како да се однесувам во битка, како и многу други работи кои се важни за борбата против Русите”, рекол Дмитро.

Запрашан дали е исплашен од тоа што го чека во борбата против Русите, тој рече: „Не многу, но во човечката природа е да се чувствува страв. Се разбира, длабоко во себе се чувствувам малку исплашен бидејќи никој не сака да умре, дури и ако е за одбрана на државата. Значи смртта не е опција за нас“, рече Дмитро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот