ВИДЕО | Трогателен момент: Принцот Вилијам се сретна со човекот на кого му го спаси животот пред осум години

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Џек Битон (25) му се заблагодари на принцот Вилијам и на екипажот на воздухопловната амбуланта на Источна Англија кои му го спасија животот пред осум години, пишува Телеграф.

Во трогателна средба Принцот Вилијам од Велс се сретнал со човекот кој пред 8 години бил жртва на сообраќајна несреќа, додека принцот работел како пилот во амбулантата на Кралските воздухопловни сили.

Принцот го поканил Битон во замокот Виндзор откако неговата девојка Оливија му напишала писмо во кое бара средба, за Џек да ја изрази својата благодарност до принцот и екипажот на воздухопловната амбуланта на Источна Англија, кои му го спасиле животот.

Г-дин Битон, од Литлпорт, чудесно се опоравил од директниот судар помеѓу комбето на неговиот вујко и камион тежок 20 тони, кој влетал во нив со речиси 80 километри на час во 2015 година.

Принцот подоцна го опиша како едно од „најзастрашувачките“ спасувања на кои присуствувал за време на неговата двегодишна кариера, летајќи медицински екипи до итни случаи.

Во видеото од обединувањето објавено на социјалните мрежи на палатата Кенсингтон, г-дин Битон изјавил: „Од она што ми беше кажано, и од сите фотографии и што ли уште не, јас сум многу, многу среќен млад човек. Мене и мојот вујко на враќање од работа, во директен судар нѐ удри еден возач на камион кој заспал. Потоа ме спасија овие момци и сите кои беа на смена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот