ВИДЕО | Тони Цетински „тресна“ на сцената на настап во Белград: Само сакав да се фрлам во публиката…

Фото: Принтскрин / ТикТок

Познатиот хрватски пејач Тони Цетински се огласи на Инстаграм откако пред неколку дена падна на сцената на настап во Белград, додека ја изведуваше песната „Let Me Take You“.

Во видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, може да се забележи како во еден момент Цетински ѝ препушта на публиката да го пее рефренот од песната, а потоа ги шири рацете и паѓа на подот. Колегите на сцената притрчуваат да му помогнат, па тој набрзо станува и продолжува да пее како ништо да не се случило.

@grobarijug19701970 Toni Cetinski pijan na nastupu 🙆 #foryou #vyp #viral #tonicetinski ♬ original sound – Anonymous

По овој инцидент, Цетински објави видео од настапот и се пошегува на своја сметка, а во описот објасни што точно се случило.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Сакав да се фрлам во публиката, кореографијата баш и не ми оди. Но, затоа продолжувам да пеам како ништо да не се случило. Ако сакате да видите како сè уште се пее и игра во Аренас следете нè. Се гледаме на мојот роденден во Арена Загреб на 31 мај 2024 година“, напиша тој.

„Во чест и сеќавање на Тоше”: Поштенска марка по повод роденденот на Тоше Проески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот