ВИДЕО | Тинејџер од Флорида ја избоде мајката и сам се пријави во полиција: Само што ја убив мајка ми

Дерик Роса и неговата мајка/Фото: Социјални мрежи/Скриншот

Полицијата во Флорида, САД, уапси 13-годишно момче кое ја убилo својата 39-годишна мајка додека таа спиела покрај своето новороденче старо само 14 дена.

Дерек Роза, како што е името на 13-годишното момче, е обвинет според законот за малолетници за убиството на неговата мајка Ирина Гарсија, но неговите податоци се објавени бидејќи е обвинет за убиство од втор степен.

Шокантното злосторство излезе на виделина во 23.30 часот минатиот четврток, кога самиот 13-годишник се јавил во полиција и рекол „Само што ја убив мајка ми “.

Полицајците кои пристигнале во станот во кој живее семејството ја пронашле Гарсија мртва во спалната соба неколку сантиметри подалеку од креветчето во кое лежела нејзината новородена ќерка, која била неповредена.

Според полицијата, 13-годишникот чекал мајка му да заспие пред да ја прободе неколку пати во вратот.

Според извештаите, Дерек Роза бил љубезен и се извинувал во разговорите со полицајците  -што е неочекувано ако се има во предвид дека ќе влезе во стан со таква сцена на убиство.

Како што забележува Њујорк Пост, 13-годишникот, кој бил одличен ученик во неговото училиште, кобната ноќ бил во станот со својата новородена сестра и нивната мајка додека неговиот очув бил во Џорџија.

Роза нема историја на проблеми со менталното здравје и наводно добро се снаоѓал со неговиот очув, кој бил возач на камион.

Полициските службеници кои го водат случајот не соопштуваат информации за мотивот на 13-годишникот, кој не кажал зошто ја убил мајка си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот