ВИДЕО | Тиктокерка од Киев објаснува од што живеат Украинците

Украинка, Фото: Тикток, принтскрин

Девојка од Украина, Кристина на својот тикток-профил редовно известува за ситуацијата во Киев каде што се наоѓа моментално, а сега разјасни од што живеат Украинците за време на војната.

„Претпоставувам дека луѓето се без работа додека ова се случува. Како некои луѓе плаќаат за основни работи?“, ја праша една од следбениците на мрежата.

„Првенствено, тие ја користат заштедата што ја имаат, а на некои од нив тоа може да им биде доволно на пример за 30 дена. Им помагаат семејството и пријателите во земјата и странство. Им испраќаат пари, храна и сè што можат“, објасни Кристина.

ВИДЕО | Белата куќа на состанок со 30 инфлуенсери: Ова е првата војна што се следи на „ТикТок“

„Војниците земаат плата, како и државните службеници“

Таа објасни и дека Владата се вмешала, која одлучила дека до 1 јуни на граѓаните нема да им се наплатува камата на долговите. Таа ги спомна и воените плати.

@moneykristina Reply to @mandiethomas0 #essentials #income #ukrainian #ukraine #war #kyiv #refugees ♬ Le Calin – 斌杨Remix

„Оние кои моментално се борат добиваат плата од околу 3.000 долари месечно. Тие ја користат за да ги издржуваат своите семејства“, вели тиктокерката.

„Оние кои работат во државни фирми сè уште земаат плата, а оние работодавачи кои сè уште можат да работат, им плаќаат на своите работници колку што можат. Тие работодавачи кои не можат да работат, се трудат да им исплатат на работниците најмалку една третина од нивната месечна плата“, објаснува таа.

Кристина ги спомна и државните стимулации

„Може да се користи и државен стимул од околу 215 долари. Тоа е еднократна помош и може да ја користат оние кои не можат да работат поради војната. Тие можат да го користат само ако нивниот работодавец ги платил даноците“, објасни инфлуенсерката.

Неверојатно, но вистинито: Двојникот на Путин му помогна на двојникот на Зеленски да побегне од Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот