ВИДЕО | Теодосиќ збесна: Тргна физички да се пресмета со судијата Дамир Јавор

Фото: Screenshot

Вчерашниот натпревар во Евролигата помеѓу Виртус Болоња и Анадолу Ефес (80:85) предвреме заврши за српскиот кошаркар Милош Теодосиќ.

Теодосиќ заработи исклучување во последната четвртина откако тргна да се пресмета со судиите. Србиот протестираше за една спорна ситуација, па Словенецот Дамир Јавор му досуди техничка грешка.

Таквата одлука на Јавор беше причина Теодосиќ да збесне. Тргна поранешниот српски репрезентативец и физички да се пресмета со него, но останатите кошаркари спречија поголема инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот