ВИДЕО: Тензии и тепачки на протестот пред Собрание, нападната новинарска екипа

Фото: Слободен печат

Во атмосфера на тензии и силен емотивен набој, вечерва протестите пред Собранието на моменти се смируваа, а потоа се разгоруваа.

На снимката која ја направи екипата на „Слободен печат“, се гледа како група демонстранти нападнаа лица со фантомки кои фрлаат предмети кон Собранието и полицијата.

Неколку минути подоцна, беше физички нападната и новинарска екипа од страна на дел од собраните луѓе, кои претходно ги навредуваа новинарите.

Можеше да зе забележи и тепачка меѓу членови на мото-клубот „Ноќни волци“ и друга група присутни на протестот, при што еден човек беше претепан. Присутните полицајци не интервенираа во смирување на инцидентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот