ВИДЕО | Тажна вест: Загина навивач на релито Дакар, го прегазил камион

Фото: EPA-EFE/Gerard Laurenssen

Чешкиот возач Алеш Лопраис беше еден од најголемите фаворити на релито Дакар во категоријата на камиони, но настапот го заврши со голема трагедија.

Лопраис за време на возењето прегазил италијански навивач и продолжил со возењето без воопшто да застане. Денес Чехот кој е водечки во генералниот пласман ја потврди трагедијата.

„Тоа е нешто што секогаш ќе ме следи, навистина ми е жал. Се беше во ред, но потоа се случи голема несреќа. Сакал да направи фотографија, од повредите почина подоцна во болница…Ништо не може да го врати човечкиот живот, беше голем фан на релито и имаше 69 години. Индиректно јас сум виновен за неговата смрт“, зборуваше Лопраис.

По ваквата несреќа Лопраис го заврши својот настап на релито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот