ВИДЕО: Србија сигурна против Литванија, холандските „лалиња“ овенаа за 20 минути во Париз

Денеска во својот прв натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 репрезентацијата на Србија со 2:0 триумфираше над Литванија на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград во рамките од групата „Г“.
Стрелец на првиот гол за Србите беше Тадиќ во 16 минута, а истиот играч му асистираше на Влаховиќ во 53 минута. Претходно во истата група селекцијата на Црна Гора со 0:1 славеше на гостувањето кај Бугарија.
Во групата „Б“ Франција во Париз беше убедлива со 3:0 против Холандија. Сите дилеми околу победникот беа решени во првото полувреме, гол серијата ја започна Гризман во втората минута, зголеми Упамекано во осмата, а за 3:0 се погрижи Мбапе во 21 минута. Ѕвездата на ПСЖ, Мбапе реализираше уште еден гол во 88 минута.
Лукаку со хет-трик ја водеше Белгија на гостувањето против Шведска (0:3), со голови во 35, 49 и 83 минута.
Репрезентацијата на Фарски Острови, против која Македонија ќе игра пријателски натпревар в понеделник во Скопје, ремизираше со Молдавија (1:1) во Кишињев. Водство за Фарски Острови донесе Микелсен по асистенцијата на Олсен во 27 минута, а Молдавците дојдоа до бод преку Николаеску во 86 минута од пенал.
Квалификации ЕП 2024
Петок, резултати –
Бугарија – Црна Гора 0:1
Австрија – Азербејџан 4:1
Чешка – Полска 3:1
Франција – Холандија 4:0
Гибралтар – Грција 0:3
Молдавија – Фарски Острови 1:1
Србија – Литванија 2:0
Шведска – Белгија 0:3