ВИДЕО: Спалети го удрија со шише, еден навивач се обиде да му удри шлаканица

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети/Фото: EPA-EFE/SIMONE VENEZIA

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети имаше жесток конфликт со навивачите на Фиорентина на стадионот „Артемио Франки“.

Дербито во италијаската Серија А помеѓу Фиорентина и Наполи заврши без голови 0:0. За гостите од 61 минута настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Натпреварот го одбележа судито на Спалети со навивачите на клубот од Фиренца, кои беа зад гостинската клупа.

Спалети влезе во жестока расправија со еден човек од публиката. Додека тој се расправаше, од трибините излета пластично шише и го удри тренерот. Навивачот кој се расправаше со Спалети во еден момент се обиде да му удри шлаканица на тренерот на Наполи, но обезбедувањето го спречи во тоа.

Спалети го коментираше овој инцидент по натпреварот.

– Дали ќе зборуваме за тоа колку безобразни беа навивачите на Фиорентина, кои беа зад нашата клупа? Некои од нив навредуваа од почетокот до крајот на натпреварот. Нивните деца седеа до нив. Не можам да повторам квакви гадни работи кажаа, неверојатно. Ја навредуваа мајка ми. Мојата мајка има 90 години, оставете ја на мира – рече Спалети за „ДАЗН“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот