ВИДЕО: Шведска преку Шпанија до титулата шампион на Европа!

Швеѓаните го слават петтото злато на Европските првенства/Будимпешта, Унгарија/30 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/Zsolt Szigetvary

По трилер-финалето, шведските ракометари успеаја да ја совладаат Шпанија со 27:26 (12:13) на Европското првенство 2022, успеаја да ги симнат Шпанците од тронот, да стигнат до златниот медал.

Во текот на првото полувреме предноста најмногу беше во рацете на Швеѓаните, кои со одлична одбрана успеваа да ги затворат приодите кон својот гол, а од друга страна пак најдоа паметни решенија во нападот. Скандинавците водеа со 11:9, а потоа застанаа, што Шпанија го искористи да го добие првото полувреме со мини серија со 13:12.

Во продолжение Шпанија трипати успеваше да дојде до два гола предност, но Шведска израмнуваше – 19:19, а набрзо потоа поведе. Следуваше рововска војна, борба за секоја топка, за секоја педа од теренот.

На пет минути до крајот, по одличните одбрани на Паличка, односно погодоците во режија на Ване и Лагергрен, Шведска побегна на 26:24. Имаше можност да стигне до плус три, не успеа во тоа, па војната на нервите продолжи.

Казната стигна брзо. Фигуарс и Каналес погодија за 26:26, а потоа Шпанија ја имаше топката во свои раце на 30 секунди до крајот. Паличка лесно го сопре обидот на Каналес, па Шведска имаше шанса за победа и златен медал. Топката стигна до Лагергрен кој изнуди седмерец, а Екберг погоди за конечни 27:26.

Најефикасни во составот на Шведска беа Никлас Екберг и Оскар Бергендал со пет, Хампус Ване со четири и Џим Готфридсон со три гола. За Шпанија расположени за игра во напад беа Трехо Фигуерас и Абело Гомез по шест голови, Серано Терафета со пет.

За Швеѓаните ова е петто европско злато, додека Шпанците останаа на своите две титули, односно сега имаа пет сребрени медали. Данска во борбата за бронзениот медал ја совлада Франција со 35:32 по одличен натпревар и продолженија.

Европско првенство 2022

Финале

Шведска – Шпанија 27:26 (12:13)

Шведска: Бергендал 5, Карлсбогард 2, Хринц 1, Клаар 2, Дарј 1, Екберг 5, Готфридсон 3, Лагегрен 1, Паличка 1, Пелас, Персон, Петерсон Д. 2, Петерсон Ф., Тулин, Валиниус, Ване 4.

Шпанија: Арино, Канељас 1, Касадо 1, Коралес, Фернандез 4, Фигуерас 6, Гомез 6, Гвардиола 2, Гурбиндо, Македа 1, Одриозола, Печина, Перез де Варгас, Санчез-Мигаљон, Сармиенто, Тарафета 5.

Познат „Ол-стар“ тимот на Европското првенство, Готфридсон е МВП

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот