ВИДЕО: Данците „бронзени“ на Европското првенство

За Данците ова е четврта бронза на континенталните собири/Будимпешта, Унгарија/30 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/Zsolt Szigetvary

Репрезентацијата на Данска после продолженијата успеа да ја совлада Франција со 35:32 во натпреварот за третото место на Европското првенство 2022.

Ни овој меч не можеше да помине без драма на овој неверојатен турнир во Унгарија и Словачка.

Данците иако без својата прва ѕвезда Микел Хансен, како и Матијас Гидсел кој се повреди на стартот од средбата, им се реваншираа на Французите за поразот во главната фаза и го обезбедија својот четврти бронзен медал на континенталните собир.

Франција останува со два бронзени медали освоени во 2008 и 2018 година.

Кај стрелците за скандинавската селекција 10 голови запиша Холм, а за “триколорите“ два помалку забележа Мае.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот