ВИДЕО | Се опил, заспал и ја изгубил својата ќерка: По дваесет години потрага, девојчето е повторно покрај родителите

Јулија
Фото: Принтскрин / Youtube

Белорусинката Јулија Моисејенко успеала да им се врати на своите родители, две децении откако исчезнала како четиригодишно девојче додека патувала со воз со својот татко.

Јулија исчезнала во 1999 година, патувајќи со нејзиниот татко Виктор, од Минск кон источна Белорусија. Според тамошните медиуми, нејзиниот татко се опил и заспал, а кога се разбудил, неговата ќерка не била покрај него.

Јулија завршила во возот кон западниот руски град Рјазањ, сеќавајќи се само на имињата на нејзините родители, се вели во соопштението на белоруското Министерство за внатрешни работи.

Нејзините биолошки родители Виктор и Људмила Моисејенко и белоруската полиција упорно ја барале, но на крајот нејзините родители биле осомничени дека ја убиле. Во 2017 година, полицијата повторно го отворила случајот, родителите ги подложила на детектор за лаги, кој успешно го поминале и двајцата.


Мистерија дополнително се заплеткува околу делот како Јулија пристигнала во Рјазањ, иако се верува дека во целата приказна бил вмешан и пар, кој најверојатно ја киднапирал.

Проблемот е во тоа што белоруската полиција ме бараше само во Белорусија, додека во Русија немаше информации за исчезнато девојче во воз, изјавила Јулија, објавила руската државна новинска агенција „РИА Новости“.

Јулија Моисејенко израснала во згрижувачко семејство. Минатиот месец, еден нејзин пријател пронашол објава за исчезнато лице на Интернет слична на приказната на младата Моисејенко и ги контактирал белоруските власти за да открие дали станува збор за Јулија. По тоа Моисејенко се сретнала со нејзините родители, а ДНК – тестот потврдил дека се во роднинска врска. Таткото изјавил дека е виновен за сè и дека од својата ќерка побарал прошка.

Живеевме во надеж 20 години. Живеевме во надеж дека ќе ја најдеме, изјавила нејзината мајка Људмила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот