ВИДЕО | Русија обвиена во снег: -50 степени Целзиусови на Сибир

Снег во Русија / Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Температурите во делови од Сибир паднаа до минус 50 степени Целзиусови, додека снежните виулици ја затрупаа Москва со рекордни снежни врнежи и многу летови беа одложени или откажани. Во Република Јакутија, која се наоѓа во североисточниот дел на Сибир и дом на Јакутск, еден од најстудените градови во светот, температурите паднаа под минус 50 степени Целзиусови, покажуваат метеоролошките станици во регионот.

Поради невообичаено рано заладување, температурите се дури и пониски од минус 50 степени Целзиусови во неколку области на Јакутија, огромен регион малку помал од Индија. Речиси цела Јакутија е во зоната на вечниот мраз. Во главниот град на регионот Јакутск, кој се наоѓа на околу 5.000 километри источно од Москва, температурата беше околу минус 44 степени до минус 48 степени Целзиусови.

Температурите од минус 50 степени Целзиусови станаа поретки во последниве години поради климатските промени, а вечниот мраз покажува сè поголеми знаци на одмрзнување. Во руската престолнина, некои од најобилните снежни врнежи некогаш забележани предизвикаа одложувања на некои аеродроми во понеделникот, при што пистите беа покриени со густ снег.

Најмалку 54 летови беа одложени, а уште пет откажани на трите најголеми аеродроми во главниот град, јави новинската агенција РИА. Се предвидува дека температурите во Москва ќе се спуштат до околу минус 18 Целзиусови степени кон крајот на оваа недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот