ВИДЕО: Разговор со претседателката на РК Металург – Дали после ковид-19 ракометот ќе се врати на нивото кое што беше?

За заминувањето на тренерот Кастратовиќ разговаравме подолго време. Имавме непремостливи разлики. Условите се многу тешки како за нашиот клуб така и за другите. Остануваме и понатаму пријатели. Остваривме многу успеси и се надевам дека ние како клуб тука нема да застанеме, изјави во Утрински брифинг Зорица Блажевска, претседателка на РК Металург околу заминувањето на тренерот Кастратовиќ.
-Турбуленциите со ковид-19 се огромни. Јас откако дојдов во Металург одлучив да работам транспарентно и сите да ја знаат вистината. Понекогаш не ми е јасно зошто некој криел дека клубот е многу задолжен. При крај сум со раздолжувањата и сум горда на тоа. Треба да се има храброст и одлучност да се надмине оваа ситуација, вели Блажевска.
Целиот разговор со претседателката на РК Металург каде таа говори за состојбата на клубовите во мак ракометот, за влијанието на ковид-19 врз финансиите и општо на спортот, за очекувањата од новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот