ВИДЕО | Раперката Дијана ОГ напушти интервју по прашање на новинарот

Фото: YouTube-принтскрин

Македонската раперка Дијана ОГ гостуваше во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ во кое ја разработуваа темата на „Онлифенс“. Новинарот откако ѝ постави неколку прашања за платформата и нејзиното искуство со неа, ја праша дали се занимава со легална проституција, по што Дијана го напушти интервјуто.

„Онлифенс“ е платформа која се користи за продавање на содржина и многу луѓе ја користат за да заработат од продавање на експлицитни и еротски фотографии. На платформата има многу „занаетчии“ од Македонија, некои попознати, други анонимни, па јавноста сака да дознае за што станува збор.

Дијана во интервјуто се обидува да објани зошто го отворила профилот и да го тргне мистериозниот превез од ваквиот вид на работа и осудата на истата.

Погледнете го целосното интервју:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот