ВИДЕО: Прво појавување на Трамп по поразот, еве како им се обрати на Американците
Досегашниот американски претседател Доналд Трамп беше речиси отсутен од сите јавни настани по претседателските избори чии резултати ги оспорува, а вечерва говореше од Белата куќа за коронавирусот и за стратегијата за вакцинирање. Ова е негово прво обраќање во јавност по поразот од Џо Бајден.
Веднаш на почетокот ја спомена својата администрација.
„Оваа администрација нема да оди во карантин, што и да се случи во иднина. Кој знае која администрација ќе биде тоа, веројатно времето ќе покаже, но може да ви кажам дека оваа администрација нема да оди во локдаун“, нагласи Трамп.
Тој истакна дека сојузната влада нема да ја испорача можна вакцина против коронавирус се додека гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо не ја извести администрацијата дека е подготвен за тоа.
„Значи, нема да доставуваме во Њујорк додека за тоа немаме одобрување и ме боли кога ќе ви го кажам тоа“, рече Трамп.
„Оваа е многу успешна, најверојатно 90 проценти и повеќе, но гувернерот Куомо ќе мора да ве извести кога ќе биде подготвен на тоа“, додаде тој.
Трамп твиташе дека утре има намера да отиде на собир на своите приврзаници во Вашингтон и да ги поддржи.
„Душата ја грее погледот на таа огромна поддршка, посебно на тие спонтани собири кои никнуваат ширум земјата, меѓу кои е и еден голем собир во сабота во Вашингтон. Можам да отидам да ги поздравам“, напиша тој.
-Изборите се наместени, не забориви да повтори иако пред една недела американските медиуми ја прогласија победата на Бајден, но Трамп и натаму не ја признава.