ВИДЕО | Пренџов: Судскиот систем во државата за жал е на стаклени нозе

Денеска на јавната расправа за предлог законот за преиспитување на фактите покрај нас пратениците ќе учествуваат и професори од повеќе високообразовни институции, експерти, адвокати, судии кои што ќе дебатираат бидејќи да бидеме искрени темата е многу актуелна затоа што судскиот систем во државата за жал е на стаклени нозе бидејќи тами се помалку и помалку има доверба во судството и обвинителството во државата и тоа не го зборува само опозицијата туку и пратениците од власта, тоа го зборуваат и меѓународни институции кои за жал од година во година не оценувааат се понегативно на темата правосудство.

-Според последниот извештај на ЕУ кој што ни го донесе Оливер Вархеи се вели дека во државата нема пора која што не е корумпирана и кога вие имате толку многу корупција и кога толку малку луѓе одговараат за корупција тогаш оправдано е што граѓаните имаат недоверба во правосудниот систем, вели за Утрински Брифинг Љупчо Пренџов, пратеник и член на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот