ВИДЕО | Предности и маани од една изборна единица – квантитет контра квалитет, разговор со доцент д-р Кртолица

Изборните системи претставуваат многу комплексна работа за проучување и секоја промена кај нив, доведува до влијание врз развојот на партискиот и цеокупниот политички систем. Моментално кај нас го применуваме пропорционалниот изборен модел користејќи го Донтовиот метод за пресметка на мандати и дополнително државата е поделена на 6 изборни единици. Не е тајна дека таквото решение оди повеќе во корист на поголемите политички партии, смета доцент доктор Марко Кртолица од Правниот Факултет „Јустинијан Први“.  

Според него Донтовиот метод по автоматизам ги фаворизира поголемите политички партии и им дава повеќе простор при распределба на мандатите.

-Вториот важен момент е дека државата е поделена на шест изборни едници, па така малите политички партии кои имаат раштркани гласови низ сите шест изборни едници го имаат проблемот за постигнување на потребниот број на гласови за влез во Парламентот, изјави д-р Кртолица во гостувањето во Утрински брифинг.

Според него идејата за една изборна единица е токму тоа – гласовите наместо да бидат раштркани во шест изборни единици да бидат сконцентрирани во една изборна единица.

-Таквото решение неминовно би довело малите политички партии самостојно да влезат во парламентот, а со тоа големите политички партии би изгубиле определен број на претенички мандати во Собранието. Секое решение кое се предлага во рамките на изборните системи има предности и слабости. Предноста за една изборна единица е што ќе овозможи влез на политчките партии самостојно во парламент, понудата побогата и преку тоа ќе се развие поквалитетна демократија. Но тука се раѓа сомнежот дали квантитетот ќе вроди со квалитетот, вели д-р Кртолица.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот