ВИДЕО | Победи на Филаделфија и Лејкерс без најдобрите, блескаа Тајрис Макси и Остин Ривс

Фото: Philadelphia 76ers

Tимот на Филаделфија изминатата вечер ја прекина серијата од четири порази во низа и тоа во момент кога можеби најмалку се очекуваше. На гости кај Јута славеа со 127:124 без услугите на својот најдобар кошаркар Џоел Ембид.

Ембид се повреди на претходниот меч и се уште не се знае колку ќе паузира, меѓутоа се најде соодветна замена за него.

Во отсуство на Ембид одговорноста ја презема Тајрис Макси кој само на неколку часа пред натпреварот дозна дека првпат ќе игра на „Ол-стар“ натпревар. Тоа како да го мотивираше па против Јута постигна 51 поен. Макси го заврши натпреварот со седум тројки од девет шута, вкупно 17/27 и сето тоа без изгубена топка за 41 минута.

Лос Анџелес Лејкерс исто така ослабени без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис славеа против Болтон Селтикс со 114:105. Херој на Лејкерс беше Остин Ривс кој ја искористи слободата и постигна 32 поени со седум тројки од десет шута.

Доминираа Лејкерс цело второ полувреме и најчесто имаа двоцифрена предност, а иако се очекуваше да видиме притисок од домаќините во последната четвртина тоа не се случи. Најефикасен кај Бостон беше Џејсон Тејтум со 23 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – ЛА Лејкерс 105-114

Њујорк – Индија 109-105

Мемфис – Кливленд 101-108

Јута – Филаделфија 124-127

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот