ВИДЕО | Нотингем Форест го круниса Манчестер Сити за нов шампион во Премиер лигата!

Фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

На едно коло пред крајот на Премиер лигата, Манчестер Сити е нов шампион во Премиер лигата, ова стана јасно откако денес Нотингем Форест го победи Арсенал со 1:0.

Нотингем Форест успеа да го изненади фаворитот овој натпревар и така официјално да се спаси од испаѓање во понизок ранг бидејќи веќе има 37 бода, Лидс кој е последен во опасната зона е на 31. Од друга страна Арсенал и математички изгуби шанса да го стигне Манчестер Сити кој од вечерва може да ја слави шампионската титула.

За Арсенал ова беше втор пораз во низа и втор натпревар во кој не постигнаа гол, претходно коло Брајтон беше подобар од избраниците на Артета со со 0:3.

Единствениот гол на натпреварот денес го постигна Авонји во 19-тата минута од средбата. Арсенал беше поконкретен и до крајот на натпреварот создаде повеќе прилики за гол, но тоа не им помогна многу затоа што изостана реализацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот