ВИДЕО: Нокаут на годината, после брутално кроше, „заспа“ на нозе

Дукоте ја забележа својата 10-та победа, втора со нокаут во кариерата/Фото: instagram.com/emducote1

Финалето на главната борба на вечерта на приредбата „Инвикта“ веќе стана вирална..Во истото, Емили Дукоте ја освои празната шампионска титула во сламка категорија против Даниела Тејлор со спектакуларен нокаут.

Непосредно пред крајот на третата минута од првата рунда, Дукоте во една контра со десно кроше ја погоди противничката која веднаш ја загуби свеста, но остана на нозе.

Судијата го означи крајот на борбата откако Тејлор доживеа уште еден завршен удар од левата нога на Дукоте, по што започна огромно славје.

Многумина веднаш го прогласија за нокаут на годината во светот на ММА, како и за едно од најимпресивните во историјата во женска конкуренција.

Тоа беше 16-та професионална борба за двете натпреварувачки. Дукоте ја забележа својата 10-та победа, втора со нокаут, а ова беше петти пораз за Тејлор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ducote (@emducote1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот