ВИДЕО| Незири: Државјанствата што ги бара А/АА се само потврда за агресивноста на опозицијата и неефикасноста на владата

Проблемот со државјанствата е проблем кој се влече одамна. Не е нов или нешто што се појавило од доаѓање на оваа власт или проблем кој според мене би бил услов за да поминат мерките со кои подобро би се справиле со пандемијата. Според последниот Извештај на Стејт департментот станува збор за околу 1.500, од кои 700 се деца кои немаат ниту државјанство, ниту било каков документ. Според овој извештај поголемиот дел се етнички Роми. Ова е проблем што треба да се реши, но не со услов со кој се блокираат сите мерки со кои би се спасила економијата, инситуциите, изјави Џелал Незири, новинар и уредник во Центарот за истражувачко новинарство СКУП.

-Ова го споредувам со протест блокирање на улица и на тој протест не се пропушта возилото на Итната помош. Значи не треба да се блокираат сите закони и работата на Собранието за закон или проблем кој не е нов, туку е проблем кој постои одамна, додава Незири.

Според него главно станува збор за една политичка кауза на албанската опозиција која на некој начин се воздигнала како фактор на политичката сцена

-Инаку, станува збор за лица од кои поголемиот дел се родени тука или имале адреса на живеење во време кога земјава стекна независност и главниот проблем според мене е што кај тие лица можеби поголемиот дел не го знаат македонскиот јазик или не може да го положат испитот. Тоа се предуслови кои заради различни одредени услови не можат да ги поминат, а има еден дел кои што се ставени од Агенцијата за национална безбедност како лица кои се опасни за државата, вели Незири.

Пасошите кои нелегално се давани на луѓе со големо криминално досие, мислам дека тоа еден проблем, скандал кој би можел да има големи последици за земјата. Последици во однос на слободното движење на граѓаните или визната либерализација, но и во самиот пат кон интеграцијата во ЕУ. Имаше случаи кога и во Албанија голем број на луѓе поврзани со организиран криминал кои оперираат во Унијата, а поседуваат албански пасош, имаше иницијатива за прекинување на визната либерализација. На крај се случија акции, се покажа одлучност на албанската влада да тргне посериозно за сузбивање на организираниот криминал со цел да се спаси од повторно затворење на земјата. Заради овие случаи Северна Македонија ризикува да ја изгуби визната либерализација. Цената нема да ја платат криминалните луѓе, туку цехот ќе оди кај граѓаните, кои повторни би чекале на ред пред амбасадите за добивање на визи.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот