ВИДЕО: Неочекувани свирежи доби Мбапе во Париз, утешна награда за Левандовски

фото: EPA-EFE/Christophe Petit Tesson

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ја освои наградата „Герд Милер“ која „Франс фудбал“ ја доделува на најдобриот напаѓач.

И втора година по ред му е доделена „утешната“ награда на Полјакот, како и минатата година кога „Златната топка“ заврши во рацете на Лионел Меси, а членот на каталонскиот клуб само беше прогласен за најдобар напаѓач.

Левандовски во својот говор по добивањето на наградата истакна дека овој трофеј му значи многу, особено поради името што го носи. Како што рече, поранешниот напаѓач на Баерн беше голема инспирација за него.

Од друга страна, моментно една од најголемите светски фудбалски ѕвезди Килијан Мбапе доживеа голема непријатност на свеченоста во Париз каде се доделува „Златната топка“ која се очекува да ја добие неговиот репрезентативен колега и член на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Кога пристигна на церемонијата во Париз, беше пречекан со свирежи и навреди. Многу фанови се незадоволни бидејќи наводно сака да го напушти Пари Сен Жермен, па решија да му го покажат тоа.

Веќе со месеци е мета на критики за неговиот арогантен однос, и на теренот и надвор од него. Со своите изјави и постапки тој е главниот виновник за не толку добрата атмосфера во таборот на ПСЖ, па голема е веројатноста зимава да ги напушти „светците“ и да премине во славниот Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот