ВИДЕО | Необична појава во центарот на Солун: Дива свиња се прошета на главниот плоштад

Фото: Принтскрин

Денеска во центарот на Солун е забележана дива свиња како се шета во раните утрински часови, а неколку лица ја снимија во 02.45 на централниот плоштад „Аристотел“.

Вепарот веројатно се спуштил во градот од шумата во близина, а потоа бил виден како шета во центарот на Солун, пренесува грчкиот портал „Greekreporter“.

Дивите свињи се вообичаени во целата Грција, но главно се наоѓаат по шумите и е многу необична појава да бидат видени во централните плоштади на поголемите градови.

Според Христос Влахос, професор на Факултетот за земјоделство, шумарство и природно опкружување на Универзитетот Аристотел, дивите свињи се вообичаена закана ширум Европа.

Тој смета дека граѓаните не би требало да имаат поголеми проблеми освен доколку се предизвикува паника или ако животното се почувствува загрозено, кога тоа може да стане агресивно.

Грчките земјоделци инаку овие денови ја повикаа власта да преземе мерки за спречување на експлозивниот раст на популацијата на диви свињи, која е одговорна за уништување на нивните посеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот