ВИДЕО: Најмалку 80 делфини и други риби се најдени угинати на плажи во Гана

Најмалку 80 делфини и поголем број риби се најдени угинати на неколку плажи близу главниот град на Гана – Акра, од петокот досега. Властите почнаа истрага.

Официјалните лица ги предупредија граѓаните да не ги јадат пронајдените делфини и риби, бидејќи сè уште не е позната причината за нивната смрт. Министерството за риболов соопшти дека се земени примероци од рибите и од водата за анализа.

Одборот за риболов соопшти дека биле пронајдени меѓу 80 и 100 угинати делфини.

Во февруари, исто така, беа пронајдени 111 мртви делфини на брегот на Мозамбик. Првичната истрага покажа дека е можно и други да бидат заробени поради ниската плима по циклонот „Гуамба”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот