ВИДЕО: Многумина се надеваа дека ќе одиме надолу, ама ВМРО-ДПМНЕ овој пат ја научи лекцијата, вели Илија Димовски

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на ТВ21, анализирајќи ги изборните резултати, рече дека многумина се надевале и очекувале дека неговата партија на овие избори ќе оди надолу, но оти сепак, овој пат тие покажале дека ги научиле грешките од минатото.

„Прво, понудата што ја имаше, и од програмски и од кадровски аспект, беше навистина едно освежување, прилично добри, солидни, едуцирани, многу добри кандидати коишто добро настапуваа на овие избори. Програмскиот аспект беше далеку подобар од оној што го понуди СДСМ, мислам дека СДСМ и малку арогантно влезе во овие избори од позиција на власт, дека полесно ќе си помине, па не ги подготвија домашните работи коишто мораа да ги подготват“, рече Димовски.

„Оној сегмент на однос со другите заедници, однос со коалиционите партнери, проширување на коалицискиот капацитет, ВМРО-ДПМНЕ овој пат го постави подобро и од СДСМ“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот