ВИДЕО: Милвоки немоќен без Јанис, Батлер ги урна Бакси за предност на Мајами

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Милвоки бакс во НБА плеј-офот беа поразени од Мајами хит ноќта меѓу саботата и неделата со 121:99.

Мајами многу убедливо го победи фаворизираниот тим на Бакс и поведе со 2:1 во серијата, предводен од Џими Батлер и неговите 30 поени, пет скока и четири асистенции.

Бакс настапи без својот најдобар играч Јанис Адетокумбо, кој доживеа болен пад и повреда во првиот натпревар од серијата по обидот за забивање.

Во негово отсуство, Крис Мидлтон мораше да ги влече конците од играта на својот тим, но неговите 23 поени, пет скока и шест асистенции не беа доволни за победа.

Лос Анџелес лејкерс поведе со 2:1 во серијата против Мемфис најмногу благодарение на Ентони Дејвис (31 поен, 17 скока) и Леброн Џејмс (25 поени, девет скока, пет асистенции).

Најрасположен во редовите на Гризлис беше Џа Морант со 45 поени, девет скока и 13 асистенции.

НБА плеј-оф, резултати

Мајами хит – Милвоки бакс 121:99 (2:1)
Лос Анџелес лејкерс – Мемфис гризлис 111:101 (2:1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот