ВИДЕО: Милитанти нападнаа автобус во Пакистан полн со патници, девет лица загинаа

ФОТО: Screenshot

Девет лица, меѓу кои двајца војници, загинаа во напад на милитанти врз автобус во северен Пакистан, додека повеќе од 20 се ранети, соопшти денеска локалната полиција.

Нападот се случил синоќа на автопатот Каракорам кој ги поврзува Пакистан и Кина и минува низ провинцијата Хајбер Пахтунхва, која во минатото беше жариште на тероризам поради присуството на пакистански талибанци и други милитантни групи.

Автобусот превезувал патници од Гилгит до Равалпинди кога бил пукано врз него, поради што возачот изгубил контрола и удрил во камион, кој се запалил при што двајцата возачи загинале на лице место.


Според локалните власти, најмалку 26 луѓе се повредени и пренесени во блиските болници.

Началникот на полицијата во Гилгит нападот го нарече терористички чин.

Пакистанскиот привремен премиер Анвар ул-Хак Какар го осуди нападот, велејќи дека „нема да им се дозволи на антидржавните елементи да го саботираат мирот во Гилгит Балтистан“ и вети дека ќе ја продолжи борбата „против терористите“.

Формиран е специјален истражен тим кој ќе го испита нападот и ќе ги уапси одговорните.

Сè уште никој нема преземено одговорност за нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот