ВИДЕО | Мицкоски: Ќе честитам прв ако се постигне договор со Бугарија, но ако се направи предавство, ќе се случи народ

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ако владата постигне решение недвосмислено заштитувајќи го нашиот македонски јазик и неговата антропологија и историја, јас ќе бидам првиот што ќе застанам и ќе честитам ако се направи предавство ќе му се случи народ, изјави денеска претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека ќе  даде поддршка на власта доколку со Бугарија постигне договор со кој ќе се заштити посебноста на македонскиот јазик и идентитет, но доколку Заев преговарал на штета на националните интереси, тогаш ќе му се случел народ истиот ден.

– Морам да кажам дека имајќи ја во предвид важноста на разговорите со источниот сосед, и нашиот стратешки интерес да се почнат преговори со Европската Унија, претходниот период се воздржував од јавни настапи и прес конференции со цел истите да не бидат погрешно разбрани, но и да се даде можност за решение. Сметам дека одговорно е да се дозволи Владата да го има целиот простор да ги оствари стратешките цели, но и да ги зачува, што треба да претставува нејзин прв приоритет националните интереси. Но, очигледно сме сведоци дека сето ова се удира во ѕид, и се враќаме отпочеток на изворот на проблемите. Целиот овој проблем со источниот сосед се темели на една лага на Зоран Заев и на една негова основна каратеристика која како буквар ја научија сите во регионот и светот, а тоа е системот на преговори преку свитканата кичма, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот