ВИДЕО: Манчевски го најави новиот филм-снимањето почнува на шести јули

На шести јули започнува да се снима новиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“, во кој тој се појавува како режисер и сценарист.

Снимањето ќе се одвива на повеќе локации во Скопје и во две села во близината на главниот град.

Главните улоги ќе ги играат Сара Климоска (Доста), Камка Тоциновски (Ева), Александар Микиќ (Карамба), Ана Стојановска (Виолетка), Филип Трајковиќ (Методиј), Симона Спировска (Данче).

Фото: Слободен печат

За реализацијата на „Кајмак“, Милчо Манчевски повторно се здружи со македонската Банана филм и британската продуцентска куќа Скала продакшнс.„Кајмак“ е копродуциран од Луиза Фолдагер Серенсен и Мете Берх од „Мета филмс“ (Копенхаген) и од Иван Дојков од „Даре филмс“ (Софија). Македонија е носител на проектот, е копродукција со Данска и Бугарија,

Филмот го прикажува животот на две двојки кои живеат една до друга и притоа се вмешани во нетрадиционални романтични врски.

– „Кајмак“ зборува за предизвикување на прифатената мудрост за тоа што се смета за нормална романтична врска. Зборува за тоа дека треба да се следи срцето, без разлика каде ќе те одведе. Зборува за табуа, за изборите што ги правиме во животот и како тоа ни се враќа, како нѐ прогонуваат, инспирираат, повредуваат и поттикнуваат,  вели познатиот режисер.

Пред камерата на „Слободен печат“ Милчо Манчевски вели дека и верува на актерската екипа, затоа и дел од актерите повторно се појавуваат во неговиот филм. Дали се надева на „Оскар“ со „Кајмак“ ќе дознаете од видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот