ВИДЕО | Мало ремек дело: Меси го издрибла и голманот, Мбапе му асистираше со пета

Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Тимот на ПСЖ без поголеми проблеми освои три бода на гости кај Ажаксио кого го доби со 3:0.

Уште еден одличен натпревар одигра Лионел Меси, Аргентинецот беше стрелец на најубавиот гол на натпреварот, но сигурно и еден од најубавите во досегашниот дел од сезоната.

Аргентинецот прво тргна кон голот додавајќи до Бернат кој му ја врати топката, а тој веднаш го проигра Мбапе кој со пета му отвори чиста позиција. За се да изгледа уште подобро Меси го издрибла и голманот и погоди на празна мрежа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот