ВИДЕО: Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ го однесе Уникс во финалето на ВТБ лигата

Ненад Димитријевиќ („Уникс Казан“)/фото: Ксения Богданова (БК УНИКС)

Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казан, ќе играат во големото финале на ВТБ лигата, односно серија против екипата на Локомотив Кубан која ќе го даде новиот шампион во ова силно натпреварување.

Екипата на ЦСКА Москва на македонскиот тренер Емил Рајковиќ ќе игра против Зенит за „бронзата“.

Во еден доста драматичен меч во Казан, Димитријевиќ блескаше во „мајсторката“ против Зенит со 24 поени, шест асистенции и два скока, а имаше одлична реализација за два поени, осум од 10, една тројка од четири обиди и пет од шест од линијата за слободни фрлања.

Нашиот репрезеннтативен бек во финишот погоди за 79:79, Зенит загуби топка во следниот напад, а Уникс со едно слободно фрлање кое го реализираше Хантер на неполна секунда пред крајот дојде до клучната победа (80:79) во полуфиналната серија против Зенит.

Ова е петти пласман на Уникс Казан во финалето на ова регионално натпреварување, и во серијата „подобар во седум“ натпревари Димитријевиќ и неговите соиграчи ќе се обидат да дојдат до првиот трофеј.

ЦСКА Москва и Емил Рајковиќ без финале во ВТБ лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот