ВИДЕО: Мајами и Лејкерси на чекор од второто коло во НБА плеј-офот

фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кошаркарите на Мајами го совладаа Милвоки со 119:114 и поведоа со 3:1 во првото коло од плеј-офот во Источната конференција во НБА лигата.

Хитси беа предводени од Џими Батлер кој оствари рекорд на кариерата од 56 поени, а имаше и девет скока и две асистенции.

Скоро во текот на целиот меч Бакси беа во позитива, имаа 14 поени предност во последната четвртина, но Мајами го направи најголемиот пресврт во сезоната.

За Милвоки доминираше Брук Лопез со „дабл-дабл“ учинок од 36 поени и 11 скока, додека Јанис Адетокумбо кој се врати после два натпревари поради проблеми со грбот, дојде до „трипл-дабл“ од 26 поени, 13 асистенции и 10 скокови.

И Лос Анџелес лејкерс е на чекор од пласман во следната рунда, откако со 117:111 триумфираше над Мемфис во првото коло од плеј-офот во Западната конференција. Прв стрелец кај „езерџиите“ беше Остин Ривс со 23 поени, а за Гризлис најефикасен беше Дезмонд Бејн со 36 поени (седум скока, три асистенции).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот