ВИДЕО: Магијата на Салах поради која полуде и Леброн Џејмс од сите можни агли

Салах постигна еден од најубавите голови сезонава/ фото: EPA-EFE/Andrew Yates

Дербито на викендот во европскиот фудбалер се одигра вчера на „Енфилд“ каде Ливерпул и Манчестер сити одиграа 2:2. Натпреварот заврши без победник, но „славата му припадна“ на Мохамед Салах.

За магијата на египетскиот репрезентативец се зборува низ целиот свет, а му се воодушевуваат дури и најверните навивачи на Манчестер сити.

Салах во натпреварот против Сити прво му асистираше на Садио Мане за прво водство на Ливерпул, а потоа го воодушеви светот. Веќе со самиот прием на топката ги „измести“ дефанзивците на Сити, пред неговите мајстории „паднаа“ Кансело, Фоден и Бернардо Силва, а потоа и Лапорта по што следеше шут со кој го матира и Едерсон.

Фановите веднаш се фатија за работа и направија видео од сите можни агли на магијата на Салах со која ја „измеша“ целата одбрана на Сити, а овој потег го воодушеви и Леброн Џејмс.

Салах игра неверојатно сезонава, на девет натпревари постигна девет гола и има три асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот