ВИДЕО | Лига Куп: Манчестер Јунајтед закажа финале со Њукасл

Фото: Manchester United/Тwitter

Maнчестер Јунајтед со втора победа над Нотингем Форест (2:0) се пласираше во финалето од Лига Купот и ќе игра за првиот трофеј по шест години.

Последната титула на која се радуваше Манчестер Јунајтед ја освои Жозе Мурињо и тоа во Лигата на Европа во 2017 година. Од тогаш „ѓаволите“ чекаат на трофеј, а сега Лига Купот ќе им биде прилика за такво нешто.

Во денешниот натпревар Тен Хаг штедеше сили и излезе со комбиниран состав. По првите 45 минути не видовме голови, натпреварот беше решен со два брзи гола во 73. и 76. минута. Марсијал го отвори резултатот, додека вториот гол го постигна Фред. При двата гола асистент беше Маркус Рашфрод.

Во финалето Манчестер Јунајтед го чека одличнито Њукасл кој игра фантастична сезона предводен од Еди Хау на клупата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот