ВИДЕО | Легендарниот Шакота го купил Антиќ за 10.000 марки мислејќи дека е две години помлад

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Некогашниот легендарен српски тренер, Драган Шакота гостуваше во кошаркарскиот подкаст „Јао Миле“, а една од темите за која зборуваше беше порвзана и за македонската легенда Перо Антиќ.

Имено, кога Шакота беше тренер на АЕК грчкиот тим го доведе Антиќ од Работнички за 10.000 мерки. Но тој кога го доведувал мислел дека Антиќ е две години помлад од она што навистина бил.

“Во тоа време бев на еден турнир во Грција, таму беше и Перо Антиќ. Бев фасциниран од неговите настапи, беше прв стрелец. Ми кажаа дека е роден 1984 година. Ја знаев таа генерција и помислив дека во таа генерација друг таков играч едноставно не постои. Веднаш разговарав со менаџерот на АЕК и лесно го купивме, за само 10.000 марки. Но кога дојде време да го регистрираме се виде, според неговиот пасош, дека Перо всушност официјално е повозрасен и дека е роден 1982 година а не 1984 година. Но и со тоа годиште ние го ангажиравме“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @jaomile_podcast

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот