ВИДЕО: „Кралевите“ два пати го матираа Димитриевски

Реал Мадрид славее во градското дерби со Рајо Ваљекано/ фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа досегашниот хит во Ла Лига, Рајо Ваљекано со 2:1 во 13. коло во шпанскиот шампионат.

По двата натпревари на кои не прими гол, голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски во градската пресметка два пати мораше да ја вади мрежата од сопствената мрежа.

„Кралевите“ фуриозно го започнаа натпреварот, Винисиус Жуниор постигна гол во петтата минута кој беше поништен поради офсајд.
Но, девет минути подоцна, Тони Крос постигна гол за водство на Реал Мадрид кој до крајот на првиот дел постигна уште еден гол. Карим Бензема на асистенција на Давид Алаба во 38. минута го дуплира водството на Реал Мадрид.

Но, во второто полувреме играчите на Рајо Ваљекано одиграа далеку подобро и во 76 минута преку Радамел Фалкао го намалија резултатот. Во судиското продолжение Рајо имаше шанса во 92 минута, но Крос ја вадеше топката од гол линијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот