ВИДЕО | Jувентус во луда завршница славеше против Монца

Фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Tимот на Јувентус во драматичен натпревар вечерва славеше против Монца со 1:2 на гостински терен во 14. коло од Серија А.

Јувентус до победата дојде во драматична завршница во која беа постигнати два гола и така одново го презема врвот на табелата од Интер каде што ќе остане барем до недела кога „нероаѕурите“ го играат дербито против Наполи.

Натпреварот во Монца го отвори Французинот Рабио во 12. минута, откако само една минута претходно, Душан Влаховиќ не реализираше пенал.

Предноста на „старата дама“ беше актуелна се до судиското продолжение кога Карбони во 92.   минута стрелаше за изедначување. Сепак, Јувентус преку Гати две минути подоцна го врати водството и ги освои трите бода.

Следниот викенд Јувентус повторно игра во петок и тоа против Наполи на Елиф Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот