ВИДЕО | Jувентус лесно против Кремонезе, Погба првпат стартуваше и повторно повреди

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус на домашен терен го совладаа Кремонезе со резултат 2:0 во рамките од 35-тото коло од италијанската Серија А.

„Старата дама“ вечерва играше во нови дресови и забележа прилично лесна победа против Кремонезе кој го чека тешка битка за опстанок во Серија А.

Пол Погба за првпат доби шанса од првата минута сезонава и повтроно се повреди по само 24 минути игра. Засега не е познато од каков карактер е повредата, но Французиот во солзи го напушти теренот.

На местото на Погба во игра влезе Милик. Резултатот беше отворен во 55-та кога Фаџоли го искористи додавањето од Киеза. Конечните 2:0 го постави Бремер на десетина минути пред крајот.

Јувентус со 69 бода е втор на табелата и што е најважно создаде осум бода предност пред Милан кој е на петтата позиција, па со тоа е многу блиску до обезбедување место во ЛШ преку Серија А наредната сезона. Кремонезе е претпоследен со 24 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот