ВИДЕО: Јувентус конечно шампионски, два гола на Роналдо!

Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Фудбалерите на Јувентус рутински славеа на гостувањето во Парма против истоимениот клуб со 0:4, благодарение на уште една во низата одлични игри на Кристијано Роналдо.

Актуелниот шампион на Италија, кој игра во променлив ритам оваа сезона, дојде во Парма по тесните победи над Џенова и Торино и ремито против Беневенто и Аталанта.

Охрабрена од ремито против Милан на „Сан Сиро“ пред шест дена, Парма се надеваше дека ќе ги изненади и шампионите, но веќе на средината од првото полувреме беше јасно дека нема да има ништо од тоа. Прво, во 23-та минута Алекс Сандро му асистираше на поранешниот фудбалер на Парма, Дејан Кулушевски, кој лесно реализираше.

Три минути подоцна на сцена стапи Роналдо, по одличниот центаршут на Алваро Мората, Португалецот со глава ја смести топката во мрежата. Сè беше решено во воведните моменти од второто полувреме кога Роналдо зголеми на 0:3 во 48-та минута по додавањето на Ремзи.

Мората, кој беше асистент на првите два гола, стави точка на мечот во 85-та минута. Со оваа победа „Старата дама“ се израмни по бројот на бодови со Интер и стигна на само еден бод помалку од водечкиот Милан, но со натпревар повеќе од двата клуба.

В сабота се одиграа уште две средби, Фиорентина ремизираше со Верона (1:1), а Сампдорија беше подобра од Кротоне (3:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот