ВИДЕО: Јокиќ со „трипл-дабл“ ја разби Оклахома!

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“) е голем фаворит според обложувалниците за МВП наградата/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Денвер убедливо славеа на гостувањето кај Оклахома Сити Тандер со резултат 126:96. Тоа беше само вториот триумф на Нагетси во последните осум натпревари на гостински терен во НБА лигата.

Еден од најзаслужните за победата беше српскиот интернационалец Никола Јокиќ кој го забележа осмиот „трипл-дабл“ оваа сезона.

За околу 30 минути на паркетот имаше учинок од 19 поени, 13 асистенции, 11 скока и две украдени топки. Поефикасен од неговите тимски колеги беа Џамал Мареј (26 поени) и Мајкл Портер јуниор (20 поени, 10 скока).

На спротивната страна во поразените редови Безли се истакна со 22 поени, 14 скока, а по 15 коша запишаа Џером и Роби, овој вториот додаде и девет скока и седум асистенции.

НБА, резултати –

Филаделфија – Кливленд 109:112 (по 1 продолжение)
Вашингтон – Минесота 128:112
Њујорк – Индијана 110:107
Оклахома – Денвер 96:126
Орландо – Јута 109:124
Сан Антонио – Њу Орлеанс 117:114
Бруклин – Далас 98:115

Западна конференција, табела –
1. Јута 27-7
2. ЛА Клиперс 24-11
3. ЛА Лејкерс 23-11

Источна конференција, табела –
1. Филаделфија 22-12
2. Бруклин 22-13
3. Милвоки 20-13

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот